Услови за купување
Со нарачката на производи и/или услуги од Mr. New Life, Вие потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и сте се согласиле да бидете обврзани со овие Услови за купување и со останатите наведени политики.
Овие Услови заедно со нашата Политика за приватност се важечки при Вашиот пристап и користењето на нашата интернет продавница и купувањето на производи и/или услуги нарачани преку веб страницата Mr. New Life или платени на жиро сметка.
Од Вас ќе биде побарана изречна согласност дека сте се согласиле со овие Услови пред да можете да започнете со следење на едукативниот материјал на веб страницата на Mr. New Life.
Вовед
Ве молиме прочитајте ги овие Услови за купување внимателно.
Од Вас ќе биде побарана изречна согласност дека сте се согласиле со овие Услови за онлајн купување пред да можете да започнете со следење на едукативниот материјал на нашиот веб-сајт.
Толкување на поимите
Во овие Услови за купување, “ние” значи Максимум Маркетинг ДООЕЛ – Скопје (“нас” и “нашите” ќе се толкува соодветно); и “Вие” значи нашите купувачи или потенцијални купувачи на услуги (“Вашето” ќе се толкува соодветно).
Процес на нарачка
Рекламирањето на услугите на нашата веб страница претставува “покана за склучување на договор за купопродажба” и Вашата нарачка на услуги претставува договорна понуда. Ниеден договор нема да стапи на сила помеѓу нас и Вие како купувач, освен доколку ние не ја прифатиме Вашата нарачка во согласност со процедурата опишана подолу.
Со цел да се смета дека сте склучите договор за купување на услуги од нас, ќе треба да ги преземете следниве чекори:
- Вие мора да додадете било која од услугите кои сакате да ги посетите/купите во Вашата кошничка, а потоа да продолжите со плаќањето;
- Уплатата може да се изврши и на жиро сметка.
- Пред да ја потврдите нарачката, Вие ќе имате можност да идентификувате дали има некакви грешки во податоците внесени од Ваша страна, преку увид во содржината на нарачката. Вие ќе можете да извршите исправка на ваквите грешки преку ажурирање на податоците во нарачката и надополнување на Вашите податоци;
- Откако плаќањето ќе се процесира, ние ќе Ви испратиме иницијално известување преку е-маил (адреса за е-пошта).
- Веднаш откако ќе извршиме проверка дали Вашата нарачка може да се процесира, ние ќе Ви испратиме преку е-маил (адреса за е-пошта) официјална потврда за нарачката (во кој момент Вашата нарачка ќе стане обврзувачки договор за двете страни
- Дополнително, Вие би можеле да бидете исконтактирани и преку телефон на контакт телефонот наведен во Вашата нарачка.
Ние нема да Ви доставуваме примерок од овие Услови за онлајн купување посебно во врска со Вашата нарачка. Ние можеме да ја ажурираме оваа верзија на Услови за онлајн купување од време на време и не гарантираме дека верзијата со која сте се согласиле ќе остане достапна за увид на нашата интернет сÑ